Некатегоризирано

Најмалку 30 лица загинаа при поплавите за новогодишната ноќ во Џакарта

Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите за време на новогодишната ноќ што го погодија главниот град на Индонезија, Џакарта, а денеска се стабилизира ситуацијата откако почна да се повлекува надојдената вода

Џакарта, 2 јануари 2020 (МИА) – Најмалку 30 луѓе загинаа во поплавите за време на новогодишната ноќ што го погодија главниот град на Индонезија, Џакарта, а денеска се стабилизира ситуацијата откако почна да се повлекува надојдената вода.

Жителите на Џакарта, кои ги напуштија домовите поради поплавите, почнаа да се враќаат во куќите.

Монсунските дождови и надојдените реки поплавија најмалку 182 населби и предизвикаа лизгање на земјиштето во две области во предградие на Џакарта.

Околу 12.000 спасувачи беа ангажирани за евакуација на погоденото население.

Тоа се најголеми поплави во Џакарта од 2013 година, кога загинаа 47 луѓе. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close