СветСвет.Портал

Најмалку 29 жртви во урнатиот ресторан во Кина

Властите потврдија дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера во Кина, кога се урна двокатен ресторан за време на роденденската прослава.

Пекинг, 30 август 2020 (МИА) – Властите потврдија дека завршила операцијата за спасување на жртвите од несреќата што се случи вчера во Кина, кога се урна двокатен ресторан за време на роденденската прослава.

Во несреќата загинаа 29 лица, а повредени се 28 луѓе од кои седуммина се во критична состојба.

Несреќата се случи вчера претпладне кога двокатен ресторан во село на северот на Кина се урнал за време на прославата на 80-от роденден на еден од неговите жители.

Селото каде што се случила несреќата се наоѓа во округот Чангфен во провинцијата Шанкси, околу 630 километри југозападно од Пекинг.

Локалните власти не соопштија која е причината за несреќата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close