СветСвет.Портал

Најмалку 25 лица загинаа во поплави во Индија

Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од монсунски дождови во индиската држава Тамил Наду, а повеќе стотици луѓе се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.

Ченај, 2 декември 2019 (МИА) – Најмалку 25 лица загинаа во поплавите предизвикани од монсунски дождови во индиската држава Тамил Наду, а повеќе стотици луѓе се евакуирани, соопштија денеска локалните власти.

Според индиските медиуми, 17 луѓе загинаа кога поради дождот се урнал ѕид во градот Коимбаторе, а осуммина го загубија својот живот во други инциденти предизвикани од поројните дождови.

Властите тврдат дека ситуацијата во Ченај сега е под контрола.

Во монсунските дождови во Тамил Наду во 2015 година загинаа повеќе од 250 лица. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close