СветСвет.Портал

Најмалку 23 лица се отруле од алкохол на погреб во Мексико

Најмалку 23 лица починале во Мексико откако консумирале алкохолен пијалак кој содржел метил алкохол, соопштија денеска локалните власти.

Мексико Сити, 13 мај 2020 (МИА) – Најмалку 23 лица починале во Мексико откако консумирале алкохолен пијалак кој содржел метил алкохол, соопштија денеска локалните власти.

Труењето се случило изминатиот викенд државата Пуебла, за време на погреб.

Пациенти со симптоми на труење и вчера биле примени во болницата. Тие се пожалиле на главоболка, гадење и повраќање.

Градските власти ги негираа гласините дека пациентите починале како резултат на епидемијата на коронавирусот.

На погребот имало околу 80 луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close