СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Најмалку 22 жртви на торнадото што го погоди Нешвил

Најмалку 22 лица погинаа во торнадото што го погоди градот Нешвил и државата Тенеси, во САД, а 50.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија.

Нешвил, 4 март 2020 (МИА) – Најмалку 22 лица погинаа во торнадото што го погоди градот Нешвил и државата Тенеси, во САД, а 50.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија.

Од невремето се повредени повеќе лица, а нивните домови се оштетени, јавија британските медиуми.

И аеродромот, што се наоѓа во непосредна близина на Нешвил, претрпел значителни штети, а оштетени се и неколку хангари.

Најмалку два станбени блока останале без прозорци, додека парчиња метал и дрвја се расфлани по улиците на градот, јави Си-Ен-Ен.

Националната метеоролошка служба соопшти дека осум торнада ги погодија сојузните држави Мусири, Тенеси и Кентаки. сд/

Back to top button
Close
Close