СветСвет.Портал

Најмалку 21 повреден во пожар на американски воен брод во Сан Диего

Најмалку 21 лице се повредени во пожар на воен брод на САД, „Бонхом Ричард“, стациониран во Сан Диего.

Сан Диего, 13 јули 2020 (МИА) – Најмалку 21 лице се повредени во пожар на воен брод на САД, „Бонхом Ричард“, стациониран во Сан Диего.

Американската морнарица соопшти дека 17 морнари и четворица цивили се однесени во болница со полесни повреди.

Противпожарната служба на Твитер соопшти дека во неделата наутро бил пројавен пожар на воениот брод кој бил закотвен за одржување и поправки. Огнот синоќа се уште горел.

Адмиралот Филип Собек на прес-конференцијата информира дека имало експлозија на бродот, но причината сè уште е нејасна.

Во моментот на избувнувањето на пожарот на бројот имало околу 160 морнари. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close