0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку 17 загинати во напад во Могадишу

Најмалку 17 лица загинаа, а десетици беа повредени во напад на екстремисти од Ел Шабаб на хотел во Могадишу, а полицијата ја заврши драмата по четиричасовна престрелка, кога беа убиени сите напаѓачи.

Могадишу, 17 август 2020 (МИА) – Најмалку 17 лица загинаа, а десетици беа повредени во напад на екстремисти од Ел Шабаб на хотел во Могадишу, а полицијата ја заврши драмата по четиричасовна престрелка, кога беа убиени сите напаѓачи.

Ал Џезира јави дека во нападот загинале најмалку 17 лица, додека Си-Ен-Ен јави дека загинале десет лица.

„Сомалиските специјални сили ја завршија четиричасовната опсада на хотел во Могадишу, откако ги убија сите напаѓачи“, објави владиниот портпарол на Твитер.

Меѓу жртвите се напаѓачи, двајца владини службеници, еден војник, тројца членови на хотелското обезбедување, четворица цивили … Десетици луѓе се повредени, според извори од болницата. зш/

Back to top button
Close
Close