Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку 16 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Непал

Најмалку 16 луѓе загинаа во свлечиште што погоди три села во планинскиот дел на Непал

Катманду, 14 септември 2020 (МИА) – Најмалку 16 луѓе загинаа во свлечиште што погоди три села во планинскиот дел на Непал.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, досега се пронајдени 16 тела, а се претпоставува дека е многу поголем бројот на загинати. Како исчезнати се водат 40 лица,.

Потрагата по преживеаните е отежната поради временските услови.

Свлечиштата во планинскиот дел на Непал се честа појава за време на сезоната на монсунски дождови, што завршува кон крајот на септември. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close