Svet.SlajderСветСвет.Портал

Најмалку 14 повредени во напад врз Триполи, оштетена болница

Амин ал-Хашеми, портпарол на Министерството за здравство, изјави дека се оштетени некои делови од зградата на болницата. Тој додаде дека меѓу повредените има и деца.

Триполи, 14 мај 2020 (МИА)  – Најмалку 14 лица се повредени во денешниот напад врз либискиот главен град Триполи, за што владата поддржана од ОН ги обвини ривалските воени сили од истокот на земјата, предводени од Калифа Хафтар, пренесе ДПА.

Армиските сили лојални на Владата за национално единство со седиште во Триполи (ГНА) соопштија дека нападот бил насочен кон болница и станбени квартови.

Амин ал-Хашеми, портпарол на Министерството за здравство, изјави дека се оштетени некои делови од зградата на болницата. Тој додаде дека меѓу повредените има и деца.

Либиската национална армија на генералот Хафтар (ЛНА) уште од април минатата година презеде офанзива со цел да го заземе Триполи од ГНА, потсетува германската агенција .

Денешниот напад се случи само неколку часа откако седум организации на Обединетите нации ги повикаа ривалските групи да ги прекинат борбите за да им овозможат на властите и на организациите за помош да се фокусираат на запирањето на ширењето на коронавирусот. Во Либија досега има 64 потврдени случаи на Ковид-19, меѓу кои и три смртни случаи,  во различни делови на земјата, вчера соопштија агенциите на ОН.

Насилството меѓу силите на Хафтар и ГНА беснее во последните неколку недели и покрај повторените меѓународни повици за хуманитарно примирје за Либија да се фокусираат на борбата против коронавирусот. сд/

Back to top button
Close
Close