СветСвет.Портал

Најмалку 11 жртви во насилство во Конго

Најмалку девет цивили и двајца војници загинаа во новиот бран на насилство во Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.

Бени, 21 јуни 2020 (МИА) – Најмалку девет цивили и двајца војници загинаа во новиот бран на насилство во Демократска Република Конго, соопштија денеска локалните власти.

Тела на девет цивили биле пронајдени во провинцијата Северен Киву, соопштија локалните власти, додавајќи дека тие биле држени како заложници од бунтовниците на Обединетите демократски сили (АДФ).

Од 5 ноември во напади на оваа бунтовничка група убиени се повеќе од 500 цивили.

Во друг судир во соседната провинција загинале двајца војници.

Бунтовниците на АДФ се сметаат за виновни за убиство на илјадници луѓе во изминатите пет години во источниот дел на Конго кој е богат со руда и каде дејствуваат многу бунтовнички групи. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close