СветСвет.Портал

Најмалку 10 жртви во протестите во Колумбија

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени за време на дводневните протести во Колумбија, кои избија поради смртта на Хавиер Ордонез во полициски притвор, соопштија денеска локалните власти.

Богота, 11 септември 2020 (МИА) – Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 400 се повредени за време на дводневните протести во Колумбија, кои избија поради смртта на Хавиер Ордонез во полициски притвор, соопштија денеска локалните власти.

Насилството што ја потресе Богота по смртта на Ордонез продолжи и втора ноќ со помали протести и судири со полицијата.

Според Министерството за одбрана, десет лица се убиени, додека 209 цивили и 194 полицајци се повредени.

Колумбискиот министер за одбрана Карлос Трухиљо Холмс се извини во име на полицијата за сите незаконски дејствија, извршени при притворањето на Ордонез во средата наутро.

Тој додаде дека е наредено дисциплинско сослушување со цел да се утврди дали полициските службеници го извршиле убиството и ги злоупотребиле своите овластувања.

Седум полицајци се суспендирани додека трае истрагата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close