0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

На крводарителска акција во Крива Паланка собрани 60 единици крв

На денешната крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 60 единици крв. Акцијата ја организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а се одржа во просториите на спортската сала „Партизан".

Крива Паланка, 23 јуни 2020 (МИА) – На денешната крводарителска акција во Крива Паланка собрани се 60 единици крв. Акцијата ја организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија и Општинска организација Крива Паланка, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, а се одржа во просториите на спортската сала „Партизан”.

-И оваа крводарителска акција како и изминатите пет реализирани во време на пандемијата со Ковид-19 се спроведе со целосно почитување  на протоколите на Институтот за трансфузија, Црвен крст на Република Северна Македонија и одлуките на Министерство за здравство и Владата. Пријавувањето за дарување на акцијата се вршеше во текот на изминатите денови и денес,  исклучиво на посебен  телефонски број и на  социјалните мрежи на профилот на Црвениот крст Крива Паланка,со што пријавените добија термин и време за дарување, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст, Крива Паланка. Тој упати благодарност до сите хумани граѓани кои учествуваа во акцијата. ид/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close