Дописници МКДОпштествоОпштински вести

На крводарителска акција во Делчево собрани 69 крвни единици

Општинската организација на Црвен крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиска медицина ја реализираа мајската крводарителска акција на која се одзваа голем број граѓани.Поради големиот интерес денешната акција се реализираше од 09:30 до 16:00 часот и беа соберени 69 крвни единици.

Делчево, 6 мај 2021 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Делчево во соработка со Институтот за трансфузиска медицина ја реализираа мајската крводарителска акција на која се одзваа голем број граѓани.Поради големиот интерес денешната акција се реализираше од 09:30 до 16:00 часот и беа соберени 69 крвни единици.
Акцијата, како што информираше доктор Бојан Тодоровски, се реализираше со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
-Делчевчани денес беа расположени да го остварат својот хуман чин, условите се одлични, сите мерки се запазени што се пропишани солгасно Ковид-19 пандемијата. Дарителите повеќето се повеќекратни знаат што треба да направат пред самото дарување. Имавме и првократни дарители така што порачувам и на другите на некоја од идните акции секој прв четврток во месецот да се приклучат , истакна Тодоровски.
Крводарителот Драго Ристовски од Делчево денеска даруваше крв 12-ти пат. Апелираше секој кој има желба да се приклучи на некоја од следните акции.
-Почнав пред 5,6 години поради здравствени причини, во мојот случај поради зголемени мрснотии во крвта. Досега имам подарено 12 пати сите оние што досега не дариле слободно нека ја испружат раката да даруваат крв, рече Ристовски.

Крводарителката Славица Димитровска додаде дека крвта во овој момент е потребна течност на многу луѓе што за неа е основна причина да учествува на крводарителските акции.

-Јас имам дарувано досега девет пати. Сметам дека со мојата крв можам да помогнам на сите на кои им е потребна. Им препорачувам на сите кои можат, да даруваат крв, се со цел да спасиме нечиј живот, кажа Димитрова.
За утре според планираното, крводарителска акција ќе се одржи со крводарителите од Македонска Каменица.вс/лв/

Back to top button
Close
Close