СветСвет.Портал

На крузерот во карантин во Јапонија потврдени 39 нови случаи на Ковид-19

Јапонското Министерство за здравство денеска соопшти се потврдени 39 нови случаи на Ковид-19 на крузерот кој е во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 174.

Токио, 12 февруари 2020 (МИА) – Јапонското Министерство за здравство денеска соопшти се потврдени 39 нови случаи на Ковид-19 на крузерот кој е во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 174.

Министерството исто така соопшти дека вирусот, кој вчера беше именуван како Ковид-19, е потврден и кај службеник кој бил вклучен во првичните карантински контроли ноќта кога бродот „Дајмонд Принцес“ се врати во пристаништето Јокохама во близина на Токио на 3 февруари.

Службеникот се лекува во болница.

Бројот на заразени со Ковид-19 во Јапонија сега изнесува 203 лица.

Загриженоста поради вирусот пренасочи и откажа и други крстарења. Крузерот Вестердам со 2.257 патници и членови на екипаж сега се наоѓа во Тајландскиот Залив и нема каде да се закотви откако му беше забранет влез во Јапонија, Тајван, Филипините и Тајланд.

На бродот нема потврдени случаи на вирусот, но тој бил во Хонг Конг пред помалку од две недели, што е во рамките на периодот на инкубација на вирусот.

Ковид-19 е коронавирус кој се појави во Кина во декември минатата година.

Во Кина од вирусот досега починаа 1.113 лица, а заразени се 44.653 луѓе. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close