БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Најкористен градско-приградскиот превоз во вториот квартал од годината

Во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 390 000, а во градско-приградскиот е 6 746 000. Во железничкиот превоз, пак, бројот на превезени патници изнесува 28 000.

Скопје, 19 август 2020 (МИА) – Во второто тримесечје од 2020 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 390 000, а во градско-приградскиот е 6 746 000. Во железничкиот превоз, пак, бројот на превезени патници изнесува 28 000.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 2 738.

Во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со второто тримесечје од 2019 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2.3 отсто, во железничкиот превоз е намалено за 15.3 отсто, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 66 отсто.бт/са/

 

Back to top button
Close
Close