БалканБалкан.ПорталДописници Свет

На Кипар ќе се тестираат 20 илјади вработени, кои по олабавувањето на мерките ќе се вратат на работа

За Ковид-19 ќе бидат тестирани 20 илјади вработени на Кипар, кои во првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки ќе започнат со работа во компаниите, а имаат директен контакт со граѓаните, одлучи кипарската Влада на денешната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Никозија, 29 април 2020 (МИА) – За Ковид-19 ќе бидат тестирани 20 илјади вработени на Кипар, кои во првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки ќе започнат со работа во компаниите, а имаат директен контакт со граѓаните, одлучи кипарската Влада на денешната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, владата одлучи на вработените во малопродажбата и во државната администрација кои работат со муштерии и странки, бесплатно да им се поделат маски.

Одлуката за тестирањето на вработените беше донесена по предлог на министерот за здравство на Кипар, а е во рамките на политиката на надлежното министерството за тестирање на населението и претставува продолжение на програмите што веќе се спроведуваат: за анализирање на примероци на 20 илјади вработени во јавниот и приватниот сектор, во полицијата и противпожарната служба, на две илјади вработени во компании за малопродажба на храна и пијалаци и Домови за стари лица, како и тестирање на населението со помош на 800 случајни примероци.

На денешната седница на кипарската Влада, беше одлучено да се спроведе тестирање и во двата центри за прием на мигранти, преку случајно земање примероци на 10 отсто од вкупниот број сместени лица, а целта е да се утврди дали меѓу нив има позитивни на Ковид-19, а се без симптоми.

Вечерва, претседателот на Кипар Никос Анастасиадис ќе им се обрати на граѓаните за да го соопшти планот за постепено олабавување на рестриктивните мерки. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close