СветСвет.Портал

На Кина ѝ се закануваат нови дождови и поплави

Кинескиот источен брег во текот на неделата го очекуваат обилни дождови, откако во петокот во југозападниот дел на Кина се поплавени голем број села и туристички локации.

Пекинг, 29 јуни 2020 (МИА) – Кинескиот источен брег во текот на неделата го очекуваат обилни дождови, откако во петокот во југозападниот дел на Кина се поплавени голем број села и туристички локации.

Кинеското Министерство за управување со кризи соопшти дека поради поплавите речиси 14 милиони луѓе во 26 различни провинции се загрозени од бурите и поплавите, а 744.000 луѓе се евакуирани.

Во поплавите загинаа или исчезнаа 78 луѓе, а директната економска штета изнесува 27,8 милијарди јуани (3,93 милијарди долари). ми/

Таг
Back to top button
Close
Close