БалканБалкан.ПорталДописници Свет

На карневал во Хрватска запалени кукли на истополов пар со дете

Во текот на традиционален карневал во хрватското гратче Имотски, се запалени кукли кои претставувале истополов пар со дете, јави дописникот на МИА.

Загреб, 24 февруари 2020 (МИА) – Во текот на традиционален карневал во хрватското гратче Имотски, се запалени кукли кои претставувале истополов пар со дете, јави дописникот на МИА.

Како што пренесе хрватски Индекс, запалена била и фотографија на пратеникот Ненад Стразиќ кој е член на опозициската СДП (Социјалдемократска партија).

Во карневалската поворка имало и деца кои го гледале палењето на куклите. Локалните медиуми јавуваат дека ова не е прв пат на карневалите во Хрватска да се палат работи кои се врска со хомосексуалците или симболизираат хомосексуализам.

Хрватскиот претседател Милановиќ, палењето на куклите го нарече срамно и кажа дека очекува соодветна реакција од институциите. ав/

 

Таг
Back to top button
Close
Close