БалканБалкан.Портал

На изборите за претседател на Хрватска 12 кандидати

Вкупно 12 потенцијални кандидати  за претседател на Република Хрватска ги предадоа своите кандидатури во Државната изборна комисија (ДИК).

Загреб, 4 декември 2019 (МИА) – Вкупно 12 потенцијални кандидати  за претседател на Република Хрватска ги предадоа своите кандидатури во Државната изборна комисија (ДИК).

Комисијата сега има рок од 48 часа да ги прифати и да го објави списокот на кандидати за претседател. Тоа мора да го стори најдоцна до четврток на полноќ, но може и порано.

Кога ДИК ќе го објави тој список и официјално ќе започне изборната кампања, која ќе биде релативно кратка и ќе заврши на полноќ на 20 декември.

Кандидатури поднесоа актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, поранешниот премиер од Социјалдемократската партија (СДП) Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, европратеникот Мислав Колакушиќ, економистот Дејан Ковач, поранешниот десничар и сега лидер на партијата Десно, Анто Џапиќ…

Од кандидатурата се откажа независниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ, кој собра нешто повеќе од 8.000 потписи од потребните 10.000.

Претседателката Грабар – Китаровиќ во изборната кампања влегува со најголем број потписи за поддршка 232.000, што е сепак 100.000 помалку од пред пет години. Од сите кандидати заедно, таа собра околу 30.000 потписи помалку.

Шестите претседателски избори ќе се одржат во недела, на 22 декември. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close