0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерОпштество

На Инфективна клиника хоспитализирани четворица со компликации од грип од кои едно во тешка состојба и осум со симптоми

Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Четири лица со компликации од грип од кои едно во тешка здравствена состојба и осум други кои имаат симптоми на вирусот се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести. Меѓу заболените нема деца, информираат за МИА од Клиниката.

Посочуваат дека пациентот во тешка здравствена состојба со грип и хронична белодробна болест е примен вчера и е сместен на Одделот за интензивна нега.

Минатата недела амбулантски се прегледани 30 пациенти. Вчера и денеска четворица пациенти се амбулантски прегледани, наведуваат од Клиниката. рп/дма/

Back to top button
Close
Close