0_Спорт.ПорталОстанато

На Хамилтон не му се брза за нов договор со Мерцедес

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон повтори дека сè уште не разговарал за можен нов договор со Мерцедес или со кој било друг тим.

Лондон, 27 февруари 2020 (МИА) – Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон повтори дека сè уште не разговарал за можен нов договор со Мерцедес или со кој било друг тим.

– Сè уште не разговаравме за ништо. Додека во печатот се случува некакво лудило. Што се однесува до мојот пристап, јас едноставно не сум загрижен за ништо. Јас верувам во Тото Волф, во меѓусебната доверба е меѓу нас. Затоа, не мислам дека имаме потреба да брзаме некаде. Ние продолжуваме да комуницираме и сигурен сум дека во блиска иднина ќе седнеме на масата и ќе разговараме за сè, изјави Хамилтон за британските медиуми.

Тимовите од Формула 1 шампионатот овој период го користат за тестирање на своите болиди во пресрет на новата сезона во која Мерцедес е прв фаворит за трофејот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close