Дописници МКДОпштински вести

На граничниот премин Делчево се зголемува информираноста на патниците за африканска свинска чума

На граничниот премин Делчево во тек е информирање на патниците за преземање превентивни мерки против болеста африканска свинска чума. Секој што излегува од државата добива соодветни флаери.

Делчево, 5 февруари 2020 (МИА) – На граничниот премин Делчево во тек е информирање на патниците за преземање превентивни мерки против болеста африканска свинска чума. Секој што излегува од државата добива соодветни флаери.

– Општо е познато како се пренесува африканската чума, но со делењето флаери сакаме да ја зголемиме информираноста на патниците за евентуалните последици. Апелираме, да не внесуваат производи од животинско потекло кога се враќаат во државата зашто тоа е најчестиот начин на пренос на болеста, изјави директорот на Царинската испостава, Иван Спасовски.

Според Царинската испостава, лани за 30.000 е зголемен бројот на патници во однос на 2018 година.

Согласнод податоците, пак, кои за МИА ги соопштија од делчевскиот граничен премин, заклучно со декември 2019 година вкупно 200.132 автомобили биле регистрирани за излез од државата. Во 2018 година таа бројка изнесувала 172.395.

Во посета на граничниот премин Делчево денеска присуствува и Директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски кој во Делчево ќе се сретне и со градоначалникот Горан Трајковски, а ќе посети и неколку фирми. вс/мч/

Back to top button
Close
Close