0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вестиПарламентарни избори 2020Политика

Најголема излезност во Струмица во Струмичко-Радовишкиот регион

До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Струмица/Радовиш 15 јули 2020 (МИА) – До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Во Радовиш до 13 часот гласале 21 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи, а во Конче има најмала излезност од 14,3 проценти од запишаните 2.724 избирачи.

Во општина Босилово до 13 часот излегле 17,9 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 20 проценти од 10. 592 запишани избирачи.

Во Ново Село на гласање излегле 20,40 проценти од 11.181 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден досега поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаат на 198 избирачки места. рт/нд/

Back to top button
Close
Close