0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

На Голем Крчин и годинава ќе се отслужи боженствена утринска литургија со запазување на здравствените мерки

Братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и оваа година го организираат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, над долнореканското село Битуше, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метри, каде ќе се отслужи боженствена утринска литургија.

Дебар, 13 август 2020 (МИА) – Братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Побдоносец“ од дебарското село Рајчица и оваа година го организираат најатрактивното искачување на врвот Голем Крчин, над долнореканското село Битуше, што се наоѓа на надморска височина од 2.341 метри, каде ќе се отслужи боженствена утринска литургија.

-Настанот „Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин“ оваа година ќе се одржи на 23 август(недела), а во согласност со определените мерки за заштита и превенција од вирусот Ковид – 19, кои сите учесници ќе бидат должни да ги почитуваат. Исто како и минатите години, наша цел е на врвот на Голем Крчин рано наутро да отслужиме Света Литургија и да се обидеме да ги видиме висините низ една друга перспектива, вели сестра Ефимија.

Додадва дека и оваа година, заради обезбедување на учесниците ќе биде присутна и Единица за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и професионални екипи на Црвениот крст од повеќе градови на нашата земја.

Меѓу другото, сите планинарски и алпинистички клубови кои ќе земат учество, доколку сакаат, можат да го помогнат настанот со тоа што ќе пријават и лиценцирани планинарски водичи, со лиценца од МАИВП или ФПСМ. Координатор меѓу сите водичи ќе биде лице од манастирот.

-Патеката е од средно тешка до тешка и одењето трае околу четири часа. Планирани се попатни кратки одмори на места каде што има извори со вода, од кои последниот е на средината од патеката, односно кај првата црква. Пријавувањето за учество е задолжително. Заради несакани последици, на искачувањето не е дозволено да земат учество лица кои имаат здравствени проблеми и несоодветна психо-физичка подготовка. Токму затоа, замолуваме навреме да се потврди присуството, како и бројот на членови и водичи кои ќе присуствуваат од секој клуб, додава сестра Ефимија укажувајќи дека заинтерисираните може да го пријават учеството на телефонскиот број 070 290 210.

Време на собирање и поаѓање е 23 август (недела), во 02:30 – 03:00 часот. Пристигнување на врвот во утринските часови. Место на собирање е пред поранешната караула во село Битуше, односно од пред скитот посветен на Светите Кирил и Методиј. Организирано враќање од врвот Голем Крчин веднаш после завршувањето на богослужбата.

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведениот настан е организиран и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред почетокот на настанот, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвиденото патување. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување. Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на настанот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Традицијата што ја почнаа монасите и монахињите пред пет години, по повод големиот празник Преображение, станува еден од најомилените настани, кој од година во година привлекува се поголем број верници.вт/вг/

Back to top button
Close
Close