Дописници МКДОпштествоОпштински вести

На двата пункта во Велес денеска вакцинирани околу 700 граѓани

На вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Велес денеска се аплицираше прва доза од кинеската вакцина „Синовак“, а се вакцинираа околу стотина лица од сите возрасти, кои доброволно се пријавија, информира д-р Виолета Петкова од вакциналниот пункт.

Велес, 26 јули 2021 (МИА) –На вакциналниот пункт во Здравствениот дом во Велес денеска се аплицираше прва доза од кинеската вакцина „Синовак“, а се вакцинираа околу стотина лица од сите возрасти, кои доброволно се пријавија, информира д-р Виолета Петкова од вакциналниот пункт.
Д-р Петкова  потенцира дека одѕивот на граѓаните на Велес за доброволна вакцинација против Ковид 19 е одличен.

На вакциналниот пункт за масовна вакцинација во ССОУ „Коле Неделковски“, пак, денеска со втора доза на „Синовак“ и „Фајзер“ се вакцинираа околу 600 граѓани .

Од вакциналниот пункт информираат дека деновиве очекуваат да добијат и вакцина „Астра Зенека“ за примање на втора доза на лица кои веќе примиле прва доза.

Поради пад на системот денеска на двата вакцинални пункта – во ЈЗУ Здравствен дом и во масовниот кој е во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“ отежната беше вакцинацијата, но сепак се реализира предвиденото, а граѓаните стрпливо чекаа на ред.

Д-р Петкова истакна дека од денеска и официјални почнуваат вакцинација во домашни услови, иако и претходно тие вакцинирале во домашни услови лица со посебни потреби, изнемоштени и болни кои не можат да дојдат на вакциналниот пункт.

Таа информира дека екипа на ЈЗУ Здравствен дом од Велес денеска  продолжија и  со успешната теренска вакцинација во Општина Градско, поточно на жители на населбата Градско и најави дека со теренската вакцинација ќе продолжат и во наредните денови. ад/вг/

Back to top button
Close
Close