0_Спорт.ПорталФудбал

На државниот канал во Шпанија, името на Косово беше напишано со мали букви за време на преносот на натпреварот

Репрезентацијата на Шпанија ја победи репрезентацијата на Косово (3:1) синоќа во квалификациите за СП 2022 година. За време на преносот на натпреварот на шпанскиот канал ТВЕ (телевизиската компанија припаѓа на државата), скратеното име на земјата беше напишано со мали букви (кос).

Мадрид, 1 април 2021 (МИА) – Репрезентацијата на Шпанија ја победи репрезентацијата на Косово (3:1) синоќа во квалификациите за СП 2022 година. За време на преносот на натпреварот на шпанскиот канал ТВЕ (телевизиската компанија припаѓа на државата), скратеното име на земјата беше напишано со мали букви (кос).

Сепак, скратеното име на Шпанија беше напишано со стандардни големи букви (ESP).

Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои не ја признаваат независноста на Косово, заедно со Словачка, Грција, Кипар и Романија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close