0_Спорт.ПорталТенис

Најдобриот играч во дубл позитивен на допинг

Најдобриот светски тенисер во дубл, Роберт Фарах (32) падна на допинг, откако неговиот примерок покажа позитивни резултати на недозволената супстанција Болденон.

Лондон, 15 јануари 2020 (МИА) – Најдобриот светски тенисер во дубл, Роберт Фарах (32) падна на допинг, откако неговиот примерок покажа позитивни резултати на недозволената супстанција Болденон.

Колумбиецот, кој е роден во Канада, неодамна соопшти дека нема да учествува на претстојниот Австралија опен од приватни причини, а сега е познато и кои се.

„ИТФ ме извести за присуство на Болденон во тестот што го направив на 17 октомври во Кали. Како што ме известија од Колумбискиот олимписки комитет, присуство на Болденон може да има во колумбиското месо и да влијае на резулатите“, напиша Фарах кој лани триумфира на Ју-Ес опен и на Вимбдлон со неговиот партнер Себастијан Кабалјо.

Засега е непозната ситуацијата со Фарах, ниту, пак, периодот на кој ќе биде суспендиран. сѓд/ссм/

Back to top button
Close
Close