БизнисБизнис.Портал

На денот на вљубените доделен автомобил од инстант лозови подарени на свадба

Млад брачен пар од Битола од денеска ќе вози автомобил MINI ONЕ кој го доби на инстант лозот Мини Макси.

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) –  Млад брачен пар од Битола од денеска ќе вози автомобил MINI ONЕ  кој го доби од инстант лозот Мини Макси.

Лилјана и Илија Ванчовски, се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25ти октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили.скс/лв/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Back to top button
Close
Close