0_Спорт.ПорталФудбал

На денешен ден, Буфон се пресели во Јувентус за рекордна сума

Денес, на 3 јули, се одбележува 19-годишнината од преминот на голманот Џанлуиџи Буфон од Парма во Јувентус. Клубот од Торино плати 52 милиони евра за 23-годишниот голман. Во тоа време, тоа беше рекорден износ за голман.

Торино, 3 јули 2020 (МИА) – Денес, на 3 јули, се одбележува 19-годишнината од преминот на голманот Џанлуиџи Буфон од Парма во Јувентус. Клубот од Торино плати 52 милиони евра за 23-годишниот голман. Во тоа време, тоа беше рекорден износ за голман.

Трансферот на Буфон го сруши рекордот поставен пред неколку дена кога Франческо Толдо премина од Фиорентина во Интер за 26,5 милиони.

Буфон играше за Јувентус до 2018 година, вклучително и во сезоната 2006/07, кога трофејниот клуб беше префрлен во Серија Б поради местење натпревари. Голманот  ја помина сезоната 2018/19 во ПСЖ, по што се врати во Јуве.

Пред некој ден, 42-годишниот голман го продолжи договорот со клубот за уште една сезона.

Севкупно, со Јувентус, Буфон освои девет шампионски трофеи во Серија А, четири купови и пет Суперкупа на земјата, а исто така трипати стигна до финалето на Лигата на шампионите. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close