На денешен ден

На денешен ден

29 февруари 2020 (МИА)

 

1792.- Во Пезаро е роден Џоакино Антонио Росини, италијански композитор, еден од најистакнатите покрај Верди. Почнал да компонира кога имал 18 години. Негова најпозната и најубава опера е „Севилскиот бербер“. Други негови опери се „Вилијам Тел“, „Танкреди“, „Италијанката во Алжир“, „Елизабета“, „Мојсеј во Египет“, „Семирамида“. Умрел во Паси, до Париз, на 13 ноември 1868 година.

 1892.-  САД и Британија потпишале договор за лов на фоки во Беринговото Море, со што продолжило масовното уништување на овие животни, но од тогаш се востановени квотите на секоја од двете земји потписнички на договорот.

 1920.- Во Прага бил прогласен Уставот на Чехословачка, земја која по Првата светска војна настанала од деловите на бившата австроунгарска монархија.

 1920.- Родена е француската актерка Симон Русел, позната како Мишел Морган. Нејзината улога се одликува со едноставност и суптилност. Филмови: „Брегот во магла“, „Пасторална симфонија“, „Фабиола“, „Големи маневри“, „Лавовите се пуштени“, „Бенџамин“.

1940.- На островот Имброс, во Егејско Море, роден е вселенскиот патријарх Вартоломеј Први. Има турско државјанство, но е припадник на малото грчко малцинство во Турција. Течно говори турски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и германски јазик. Како екуменски патријарх тој е меѓународно активен. Една од неговите првични работни задачи била обновувањето на еднаш прогонетите Источно-православни Цркви во поранешниот Источен Блок после падот на комунизмот. Исто така, го продолжил и помирувачиот дијалог со другите религии, вклучително и другите христијански, исламски и еврејски секти. Се здоби и со репутација на активен екологист преку вклучувањето на неговата Патријаршија во бројни меѓународни еколошки каузи и програми. Тоа му го донесло и прекарот „Зелениот Патријарх“.

1956.- Пакистан бил прогласен за исламска република.

 1960.- Во силен земјотрес кој го погоди мароканскиот град Агадир загинале околу 12.000 лица.

 1964.- САД соопштиле дека е направен авион кој може да лета со брзина од 3.200 километри на час и да достигне висина од над 21.300 метри. Ова за тоа време претставувало исклучителен дострел во воздухопловството.

 1988.- Во Ирачко-иранската војна (1980-1988) започнала новата рунда „војна на градови“, односно меѓусебно бомбардирање на цивилното население.

 1996.- Врз основа на обвинението на индиското Федерално истражно биро, судот издал налог за аспење на десет официјални личности, вклучувајќи и четворица поранешни членови на владата која ја водела „Конгресната партија“, а потоа и на шефот на опозициската „Баратија Џаната Партија“ Лало Крисно Адванио и поранешен претседател на влада Деви Лало. Индискиот бизнисмен Сурендра Џаин од 1988 до 1991 година ги подмитувал политичарите за да обнови поволни договори со државата.

###

Back to top button
Close
Close