На денешен ден

На денешен ден

1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја открил тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објаснил промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го открил сателитот на Сатурн, Титан и точно го одредил траењето на неговата револуција. Хајгенс ги пронашол законите на судирањето на телата, го поставил законот за центрифугална сила и го објаснил начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

14 април 2021 (МИА)

– Денеска е Ден на Царинската служба на Република Северна Македонија. Цариниците во Република Северна Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.

1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја открил тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објаснил промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го открил сателитот на Сатурн, Титан и точно го одредил траењето на неговата револуција. Хајгенс ги пронашол законите на судирањето на телата, го поставил законот за центрифугална сила и го објаснил начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

1849.- На иницијатива на водачот на Унгарската револуција Лајош Кошут, унгарското Народно собрание во Дебреч ја прогласило независноста на Унгарија од Австрија, со симнување на Хабзбуршката династија, и се изјаснило за република.

1865.- Американскиот претседател Абрахам Линколн бил смртно ранет во атентат, неколку дена по завршувањето на четиригодишната Американска граѓанска војна со пораз на јужните држави во Конфедерацијата. Врз него во ложа на вашингтонскиот театар „Форд Театар“ пукал Џон Бут, наводно умно пореметен актер, поддржувач на поразените јужњаци. Линколн следното утро им подлегнал на повредите.

1904.- Роден е англискиот актер Џон Артур Гилгуд, британски толкувач на ликовите во пиесите на Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд и Ноел Кауард. Филмови: „Таен агент“, „Премиер“, „Артур“ (Оскар), „Јулиј Цезар“, „Патот околу светот за 80 дена“.

1912.- Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе.

1914.- Умрел американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го развил Вилијамс Џејмс. Тој верувал дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.

1917.- Умрел полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објавил во 1887 година под псевдонимот д-р Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.

1930.- Рускиот писател Владимир Владимирович Мајаковски, втемелувач на рускиот футуризам извршил самоубиство. Збирки песни и поеми: „Јас!, Владимир Мајаковски“, „Облак во панталони“, „Војната и светот“, „Човек“, „Се што напишал Владимир Мајаковски“, „150.000.000“, „Мајаковски се насмевнува“, „Мајаковски се кара“, „Песни за револуција“, „За тоа“, „Владимир Илич Ленин“, „Добро!“, како и драмата „Студен туш“.

1945.- Американското воено воздухопловство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погодило и палатата на јапонскиот цар.

1986.- Во Париз умрела Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзистенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите „Мандарини“, „Другиот пол“ и мемоарите „Спомените на добро воспитаната девојка“. Родена била во Париз, на 9 јануари 1908 година.

1991.- Во Гевгелија умрел Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напишал и околу 8.000 афоризми. Роден бил во Гевгелија, на 5 октомври 1926 година.

1992.- Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи.

1997.- Во Скопје умрел Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се „Развигорче“, „Ајдучка чешма“, „Белото циганче“, „Весела азбука“ и „Чисти раце“. Роден бил во селото Колешино, Струмичко, на 8 јуни 1934 година.

1999.- Пакистан, три дена по сличен експеримент што го извршила Индија, успешно испробала балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.

2000.- Во Скопје умрел Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден бил во 1931 година.

2000.- Руската државна Дума по една година одложување го ратификувала Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.

2007.- Најмалку 37 луѓе загинале, а 50 биле ранети во експлозија на автомобил-бомба на автобуска станица во ирачкиот шиитски град Карбала. Нападот се случил на околу 200 метри од светилиштето Имам Хусеин, каде бил погребен внукот на пророкот Мухамед (едно од најважните свети места за шиитите). Карбала се наоѓа 80 километри јужно од Багдад.

2008.- Умрел Оли Џонсон, творец на Бамби, еден од најголемите аниматори на сите времиња и последен припадник на легендарната прва генерација на цртачи во компанијата „Волт Дизни“. Учествувал во анимацијата и реализацијата на класичните цртани филмови како што се „Снежана и седумте џуџиња“, „Пинокио“, „Пепелашка“, „Заспаната убавица“, „Сто и еден далматинец“, „Алиса во земјата на чудата“, „Книга за џунглата“.

###

Back to top button
Close
Close