На денешен ден

На денешен ден

1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година станал единствениот холандски поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Умрел во септември во 1523 година, не успевајќи да ја оствари замислата за обединување на европските земји во борбата против Отоманското царство.

2 март 2021 (МИА)

1459.- Роден е холандскиот свештеник Адријан Флорисзон, кој како папа Адријан Шести во јануари 1522 година станал единствениот холандски поглавар на римокатоличката црква во нејзината историја. Умрел во септември во 1523 година, не успевајќи да ја оствари замислата за обединување на европските земји во борбата против Отоманското царство.

1810.- Роден е италијанскиот свештеник Винченцо Ѓоакино Печи, кој како папа Лав Осми во текот на понтификатот од 1878 година со смртта во 1903 година, сесрдно ја помагал католичката акција сметајќи дека црквата не треба да се противи на напредокот на науката.

1817.- Роден е унгарскиот писател Јанош Арањ, најголем унгарски епски писател, кој заедно со Шандоро Петефи е најзначајниот претставник на „народниот“ правец кој доминирал во унгарската литература во 19. век. Ги превел Вилијам Шекспир и Аристофан, а пишувал и студии за естетиката и историјата на уметноста. Останати дела: триологиите – „Толди“, „Толдиевата љубов“, „Толдиевата вечер“, баладите – „Божји суд“, „Агнеза“, „Кралот Лајош Петти“.

1824.- Во Литомишл е роден Беджик Сметана, чешки композитор, основоположник на модерната чешка музика. Едно од неговите најпопуларни дела е операта „Продадена невеста“. Други негови познати опери се „Далибор“, „Либуша“ и „Бакнеж“, и циклусот симфониски поеми „Мојата татковина“ и гудачкиот квартет „Од мојот живот“. Умрел во Прага, на 12 мај 1884 година.

1855.- Умрел рускиот цар Николај Први Петрович Романов, кој почнал да владее во 1825. Бил исклучително реакционерно ориентиран. Во текот на неговото владеење  биле прогонети многу руски писатели, вклучувајќи ги Александар Пушкин и Михаил Љерментов.

1917.-  Последниот руски цар Николај Втори се откажал од престолот. По победата на Октомвриската револуција бил однесен во Екатеринбург (подоцна Свердловск) каде во јули 1918 година комплетното царско семејство и послугата по наредба на Ленин биле убиени со огнено оружје, избодени со бајонети и потоа масакрирани.

1921.- Умрел поранешниот црногорскиот владетел Никола Петровиќ. По инвазијата на австроунгарските трупи, во јануари 1916 година потпишал капитулација и ја напуштил Црна Гора.

1923.- Во Париз умрела Сара Бернар, француска актерка со исклучително убав глас и дарба. Нејзиното актерство обележало цела една епоха. Главни нејзини улоги се Корелија во „Кралот Лир“, кралицата во „Руј Блаз“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“ и „Тоска“. Родена била во Париз, на 23 октомври 1844 година.

1930.- Умрел англискиот писател Дејвид Херберт Лоренс. Дела: „Белиот паун“, „Синови и љубовници“, „Љубовникот на лејди Четерли“, раскази – „Збунети жени“, „Пруски офицер“, „Англија, моја Англија“, „Жената која одјава“, „Апокалипса“, песните „Љубовни и други песни“, „Аморес“, „Желки“.

1931.- Роден е советскиот државник Михаил Сергеевич Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, кој по преземањето на власта во 1985 година го отпочнал процесот на пролиберални реформи познати како „перестројка“. Процесот кој го започнал не можел да го контролира, поради што во 1991 година се распаднал Советскиот Сојуз.

1939.- Умрел англискиот египтолог Хауард Картер кој во 1922 година ја открил гробницата на фараонот Тутанкамон.

1942.- Близу до селото Плетвар, Прилепско, загинале Борка Талески – Црниот и Лазо Колевски – Лавски, народни херои на Македонија.

1946.- Хо Ши Мин бил избран за претседател на Северен Виетнам.

1956.- Поранешната француска колонија Мароко се здобила со независност.

1980.- Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности.

1993.- Во Скопје, во касарната „Гоце Делчев“ биле промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.

1996.- Во Скопје умрел проф. Анатоли Дамјановски, истакнат македонски педагог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден бил на 10 април 1928 година.

1972.- Во САД бил лансиран вселенскиот брод „Пионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.

1995.- Покренато било обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.

1996.- Со големиот изборен пораз на Лабуристичката партија на австралискиот премиер Пол Китинг, по 13 години завршило неговото владеење.

2003.- Во Алжир, како прв француски претседател од 1962 година, кога Алжир се стекнал со независност, допатувал Жак Ширак.

2004.- Во координирани самоубиствени напади во Багдад, во Кербали, во моментот кога шиитските верници го празнувале празникот Ашуру, убиени биле повеќе од 170 луѓе.

###

Back to top button
Close
Close