На денешен ден

На денешен ден

1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништиле муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Ди во северозападна Индија, по што воспоставиле контрола во водите околу индискиот потконтинент.

2 февруари 2021 (МИА)

– Светски ден за заштита на водните живеалишта.

1509.- Португалците под команда на Франсиско де Алмејде ја уништиле муслиманската флота во битката во Индискиот Океан, во близина на градот Ди во северозападна Индија, по што воспоставиле контрола во водите околу индискиот потконтинент.

1536.- Основан бил Буенос Аирес, главен град на Аргентина.

1556.- Во еден од најголемите земјотреси во историјата на човештвото биле опустошени кинеските провинции Шанси, Шанхси и Хенан, при што биле усмртени повеќе од 850.000 луѓе. Притоа биле срамнети со земја неколку стотици населени места.

1594.- Умрел италијанскиот композитор Џовани Пјерлуиџи да Палестрина. Дела: „Миса на папата Марцело“, „Стабат Матер“.

1709.- Шкотскиот морнар Александер Селкрејг, познат како Александер Селкрик бил пронајден на пустиот пацифички остров на кој во 1704 години се засолнил после бродолом. Неговата животна приказна го инспирирала Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.

1901.- Во Вилма, Русија, бил роден Јаша Хајфец, руско-американски виолинист, најдобар виолинист на светот во 20 век. Својата дарба и виртуозност ја покажал уште во првата деценија на својот живот. Соработувал со пијанистот А. Рубинштајн и со виолончелистот Г. Пајтогорски. Поголемиот дел од животот го поминал во САД. Умрел во Лос Анџелес, на 11 декември 1987 година.

1907.- Во Петроград умрел Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга „Основи на хемијата“ е преведена на многу јазици. Роден бил во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.

1932.- Во Женева почнала Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествувале претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагала за општо разоружување, но истовремено барала право на еднаквост во вооружувањето.

1950.- Умрел Џорџ Бернард Шо, еден од најголемите англиски писатели и драматурзи од ирско потекло. Литературната кариера ја почнал со пишување на романи и на театарски критики, а дури подоцна почнал да пишува драми по кои станал и најпознат. Меѓу неговите најпознати дела се вбројуваат „Пигмалион“, „Кандид“, „Цезар и Клеопатра“ и други. Во 1925 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Даблин, на 26 јули 1856 година.

1969.- Умрел американскиот филмски актер од англиско потекло Борис Карлоф. Филмови: „Закон на подземјето“, „Луѓе гении“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Стара темна куќа“, „Црна мачка“, „Франкештајновата невеста“, „Франкештајновиот син“, „Терор“, „Мета“.

1970.- Во Пенриндидред, Велика Британија, умрел Бертранд Расел, англиски филозоф, математичар и писател. Поради тоа што одбил да оди во војска за време на Втората светска војна бил затворен, ја изгубил работата, но и станал мошне популарен поради смелите и напредни тези за различните политички и општествени прашања. Во 1950 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Трелек, на 18 мај 1872 година.

1971.- Во иранското гратче Рамсар е потпишана Конвенција за заштита на водните живеалишта.

1983.- Во Охрид умрела д-р Елена Етингер Каваева, еден од основоположниците на македонската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Заедно со својот сопруг д-р Влдимир Каваев влегла во енциклопедиите на медицинските науки. Родена е во Честахов, Полска, на 20 ноември 1903 година.

1994.- Република Чешка ја признала Република Македонија.

1996.- Умрел американскиот филмски актер, режисер и балетан Џин Кели, една од најзначајните фигури во историјата на мјузиклот. Филмови: „Американец во Париз“, „Танц на дожд“, „Гусар“, „Во град“, „Хело, Доли!“.

2005.- Умрел некогашниот шампион во бокс во тешка категорија Германецот Макс Смелинг, кој во историјата на светскиот бокс влегол во 1936 година кога во Њујорк пред 42.000 гледачи, го накаутира дотогаш непоразениот Џо Луис.

###

Back to top button
Close
Close