На денешен ден

На денешен ден

2 декември 2020 (МИА)

1547.- Умрел шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој благодарејќи на огненото оружје, непознато за домородците, меѓу 1519 и 1521 година со само 700 војници освоил поголем дел од денешно Мексико уништувајќи го царството на Ацтеките. Во 1522 година станал гувернер на „Нова Шпанија“.

1804.- Наполеон Бонапарта во Париз бил крунисан за францускиот цар Наполеон I од страна на папата Пије VII.

1805.- Во битката кај Аустерлиц, позната како „битката на трите царства“, француската армија на Наполеон I која броела 75.000 војници ги победила руската и австриската војска кои изгубиле 70.000 од вкупно 95.000 луѓе.

1814.- Умрел францускиот писател Донасјен Алфонс Франсоа де Сад, познат како Макриз де Сад. Бидејќи бил прочуен по раскалашен живот и разни настраности од неговото презиме е изведен терминот садизам. Многу малку е позната неговата политичка улога, но бил голем поддржувач на револуцијата и крајно голем непријател на христијанството. Францускиот цар Наполеон I наредил да го затворат во болница како душевно болен. Најпознати дела му се романите „Јустина…“, „120 дена во Содома“ и „Филозофијата на будоарот“.

1823.- Под мотото „Америка на Американците“, претседателот на САД Џејмс Монро ја објавил „Монровата доктрина“ со која се спротивставил на насилното гушење на буните во шпанските и

португалските колонии на американскиот континент. Доктрината го изразила интересот на владејачките кругови во САД тие да го контролираат континентот, а не европските метрополи.

1852.- Прогласено било второто француско царство со царот Наполеон III.

1859.- Федеративната американска војска го фатила тешко ранетиот црнечки водач Џон Браун и го обесила. Неговата борба имала широк одзив и и претходела на Граѓанската војна (1861-1865) меѓу Северот и Југот на САД. Џон Браун бил роден во 1800 година.

1884.- Во Скопје е роден Јахја Кемал Бејатли (вистинското име му е Ахмет Аѓах), турски поет, еден од основоположниците на современата турска поезија. Умрел во Истанбул, на 1 ноември 1958 година.

1889.- Во Лондон е роден Џон Барбироли, еден од најголемите диригенти на светот, основач на Камерниот оркестар „Барбироли“, диригент на операта Ковент Гарден, директор на Њујоршката филхармонија и диригент на оркестарот „Хале“ во Манчестер. Умрел во Лондон на 27 јули 1970 година.

1901.- Американскиот пронаоѓач Кинг Кемп Џилет го патентирал првиот брич со две острила.

1942.- Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.

1944.- Со отворањето на првата автобуска линија на релацијата Скопје – Битола и Прилеп – Битола и со мобилизацијата на четирите расположливи автобуси, почнала новата историја на автобускиот сообраќај во Македонија.

1946.- По борбата што се водела помеѓу партизаните и грчката владина војска на патот Лерин – Псодери, грчките власти го почнале теророт во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Изгореле 46 трла, плевни, воденици, а биле фатени и ѕверски мачени 28 невини Македонци.

1956.- Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и почнале успешна борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.

1971.- Советскиот вселенски брод „Марс 3“ слетал на планетата Марс.

1971.- Шесте емирати во Персискиот Залив – Абу Даби, Дубаи, Шарџ, Аџман, Ум ел Кајвајн и Фуџар – врз основа на договор склучен во јули 1971 година, ги основале Обединетите Арапски Емирати, на кои во февруари 1972 година им се придружил и емиратот Рас ел Кајм.

1972.- Во пожарот кој избувнал во текот на поп-фестивал кој се одржувал во јужнокорејскиот главен град Сеул, загинале најмалку 50 луѓе.

1974.- Умрел Лајош Зилахи, унгарски писател. Негови позначајни дела се романите: “Заробеници“, „Одмаздата на оружјето“, „Дезертер“, „Арарат“ и „Бесниот ангел“.

1982.- Хирурзи предводени од д-р Вилијам де Врис на клиниката на Универзитетот во Јута во американскиот град Солт Лејк Сити го вградиле првото вештачко срце во светот изработено од полиуеретан. Пациентот со тоа срце живеел 112 дена.

1990.- По обединувањето на Германија, коалицијата на канцеларот Хелмут Кол со големо мнозинство ги добила првите сегермански избори.

1993.- Франција официјално објавила дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.

1998.- Владата на Република Македонија донела одлука за доаѓање на силите на НАТО во Република Македонија во функција за извлекување на Верификационата мисија на ОБСЕ во Косово.

2001.- Банкротирала седмата најголема американска компанија и водечки светски трговец со струја и гас „Енрон“. Тоа бил дотогаш најголем банкрот во историјата на САД.

2004.- Силите на Европската унија (ЕУФОР) ја презеле од СФОР, кој бил под команда на НАТО, контролата врз сите операции во Босна и Херцеговина.

###

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close