На денешен ден

На денешен ден

1520.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.

28 ноември 2020 (МИА)

1520.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.

1680.- Во Рим умрел Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар писател, режисер и организатор на јавни свечености. Како еден од главните претставници на барокот, имал влијание врз архитектурата на 18 век. Роден бил во Неапол, на 7 декември 1598 година.

1806.- Француската армија на Наполеон Бонапарта влегла во Варшава.

1820.- Во Бармен, Прусија, роден е Фридрих Енгелс, англиски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. Негови најпознати дела се: “Дијалектиката на природата”, “Анти Диринг”, “Развојот на социјализмот од утопија до наука”, “Лудвиг Фоербах и крајот на класичната германска идеологија” и други. Умрел во Лондон на 5 август 1895 година.

1821.- Панама прогласила независност од Шпанија и и се придружила на Колумбија.

1829.- Роден е Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград. Компонираше опери, клавирски композиции, соло песни и друго. Како композитор му припаѓаше на таканаречениот космополитански правец наспроти “Руските петмина”. Умре на 20 ноември 1894 година.

1881.- Роден е австрискиот писател и еден од најголемите интелектуалци на дваесеттиот век Штефан Цвајг. Дела: „Амок“, „Прво доживување“, „Жозеф Фуше“, „Мрија Антоанета“, „Триумфот и трагедијата на Еразмо Ротердамски“, „Марија Стјуарт“, „Вчерашниот свет“.

1905.- Ирскиот националист Артур Грифит во Даблин ја основал партијата „Шин фејн“, чија главна задача била борбата за осамостојување на Ирска од Велика Британија.

1907.- Во Рим е роден писателот Алберто Моравија (вистинското презиме му е Пинкерле). Светска слава постигнал со романите во кои го обработува моралното раслојување на италијанската буржоазија. Работел на многу книжевни родови, вклучувајќи и театарски дела, кратки раскази и есеи. Се занимавал со филмска и театарска критика. Најпознати дела му се: “Римјанка”, “Комформист”, “Чочара”, “Презир”, “Римски раскази”, “Нови римски раскази”, “Здодевно” и други. Умрел во Рим, на 26 септември 1990 година.

1918.- Бесарабија била приклучена кон Романија.

1918.- Во Штип е роден Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турската националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Умре во Скопје, на 18 ноември 1988 година.

1919.- Ненси Естор била првата жена избрана во британскиот парламент.

1942.- Во пожарот кој уништи еден ноќен клуб во американскиот град Бостон загинале околу 500 луѓе.

1943.- Во Техеран почнала конференцијата меѓу претседателот на САД Рузвелт, британскиот премиер Черчил и советскиот премиер Сталин. На конференцијата било разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата завршила на 1 декември.

1945.- Умрел американскиот тенисер и политичар Двајт Дејвис, кој во 1900 година го основал натпреварувањето на нациите во тенис „Дејвис куп“. Двајт Дејвис бил и американски министер за војна од 1925 до 1929 година и генерален гувернер на САД на Филипините од 1929 до 1932 година.

1954.- Умре италијанскиот нуклеарен физичар Енрико Ферми, добитник на Нобеловата награда за физика во 1938 година. Ја засновал теоријата на движењето на неутроните, а во Втората светска војна во САД, каде во 1938 година емигрирал од Италија, на Чикашкиот универзитет раководел со градењето на првиот нуклеарен реактор. Според неговото име се наречени повеќе поими во нуклеарната физика: „Фермиево правило за селекција“, „Фермиев модел на гасовите“, „Фермиева `старост` на неутронот“.

1960.- Мавританија, земја во западна Африка, станала независна исламска република. Дотогаш таа била составен дел на Француска Западна Африка.

1971.- Јорданскиот премиер Васфи Тел го убиле припадниците на палестинската терористичка организација „Црн септември“ во Каиро, каде допатувал заради учество на Арапската конференција.

1989.- Индискиот претседател на владата Раџив Ганди поднесол оставка по поразот на изборите.

1990.- Сингапурскиот претседател на влада Ли Куан Ју бил симнат од власта по 31 година.

1991.- Либијскиот лидер Моамер Гадафи објавил дека нема да ги предаде двајцата Либијци обвинети за подметнување бомба во американскиот патнички авион кој се урна врз Шкотска (Локерби).

1994.- Норвежаните на референдум одбиле да се приклучат на Европската унија.

1995.- Република Чешка станала 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).

1997.- Во Скопје, свечено била отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

2001.- Во Скопје умрел Божидар Тодоровски – Бодле, македонски поет, сликар и режисер. Автор е на книгите поезија „Бумеранг“, „Неспогодби“, „Сонетен венец на непризнатите“, „Диво коњче“, „Горчлива нафора“ и „Боемски уроци“. Роден бил во Прилеп, на 11 август 1933 година.

2002.- Во експлозија на автомобил-бомба, тројца исламски терористи-самоубијци убија 13 луѓе, 10 Кенијци и тројца Израелци, во еден хотел полн со израелски туристи во кинескиот град Момбаси. Речиси истовремено испалиле две противавионски ракети врз израелски патнички авион, но проектилите благодарејќи на присебноста на пилотите, ги промашиле, па така биле спасени 261 живот.

2004.- Во експлозија на гас во рудникот за јаглен Ченџијашан во северна Кина животот го загубиле 166 рудари.

###

Back to top button
Close
Close