На денешен ден

На денешен ден

1751.- Роден е англискиот писател и политичар од ирско потекло Ричард Бринсли Батлер Шеридан. Како член на британскиот парламент од 1780 до 1812 година се прославил како одличен оратор. Дела: комедии „Школа за озборување“, „Соперници“, „Критичар“.

30 октомври 2020 (МИА)

1751.- Роден е англискиот писател и политичар од ирско потекло Ричард Бринсли Батлер Шеридан. Како член на британскиот парламент од 1780 до 1812 година се прославил како одличен оратор. Дела: комедии „Школа за озборување“, „Соперници“, „Критичар“.

1762.- Роден е францускиот писател Андре де Шениер, еден од најголемите класични писатели на 18. век. Дела: песните „Пратеничка со свои дилеми“, „Хермес“, „Америка“, „Младата Тарантинка“, „Нера“, „Слепец“, „Младата затвореничка“.

1830.- Умрел српскиот писател Петар I Петровиќ Његош, митрополит на Српската православна црква кого Црквата по смртта го прогласи за светец под името Свети Петар Цетињски. Владеел безмалку половина век со Црна Гора зацврстувајќи го единството на државите. Напишал голем број епски песни како и делото „Историја на Црна Гора“.

1864.- Потпишан бил Виенски мир со кој Данска била принудена на Прусија да и ги отстапи покраините Шлезви, Холтајн и Лауенбург.

1871.- Роден е Пол Валери, француски писател, еден од најголемите лиричари на Франција. Најпознати дела му се поемите „Морнарски гробишта“ и „Младата Парка“, како и есеите „Вовед во методот на Леонардо да Винчи“ и „Танецот“. Умрел на 20 јули 1945 година.

1885.- Роден е американскиот писател Езра Паунд. Објави повеќе критички книги: „Духот на романтиката“, „Критички есеи“, „Како да читаме есеј“, „Џеферсон и/или Мусолини“. До денес останал еден од најпривлечните поети на модерната, но и една од најконтроверзните интелектиални фигури на дваесеттиот век.

1910.- Умрел швајцарскиот филантроп Жан Андри Динан, творец на идејата за Црвениот крст, еден од основачите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година. Добитник бил на Нобелобата награда за мир во 1901 година. Искуството од битките кај Солферино во 1859 година кога организирал помош за ранетите, го навело во 1864 година да предложи конвенција според која во војна мора да се поштедуваат болните и ранетите, како и санитарните работници. Бидејќи паднал во заборав и во беда дури во длабоката старост доживеал признание за огромната филантропска работа. Како признание за исклучителниот придонес во работата на Црвениот крст, во 1965 година била востановен „Медалот Андри Динан“, највисоко одликување на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Дела: „Сеќавање на Солферино“, „Меѓународно братство и милосрдие за време на војна“.

1918.- Престанала да постои Отоманската империја. Врз основа на актот за капитулација, Турција морала да ја распушти војската, на победниците да им пушти премин преку Црното Море, да се повлече од Арабија, Месопотамија, Сирија, Ерменија и од делови од Килики.

1918.- Словачка се отцепила од Унгарија и се обединила со Чешка. Чехословачка е првата новосоздадена држава по Австроунгарија во Првата светска војна.

1922.- По „Маршот на Рим“ со кој фашистите ги заплашиле режимот и дворот, Бенито Мусолини формирал влада.

1932.- Роден е францускиот филмски режисер Луј Мал, кој посебно инсистирал на интелектуализмот. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црн месец“, „Атлантик сити“.

1938.- Младиот режисер Орсон Велс ја објавил на њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ. Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажал така што повеќе слушатели поверувале во вистинитоста на настанот, што предизвикало неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ станал еден вид национален харој.

1945.- Индија станала член на Организацијата на Обединетите нации.

1947.- Потпишана била Општата спогодба за царини и трговија – ГАТТ, којашто од 1995 година билазаменета/трансформирана во Светската трговска организација.

1967.- За првпат во историјата на космонаутиката било извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го извеле советските научници со леталата „Космос – 186“ и „Космос – 188“.

1973.- Пуштен бил во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.

1983.- Во силниот земјотрес со сила од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погодил Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.

1994.- Граѓаните на Република Македонија по вторпат излегле на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори.

1995.- Во Луксембург, Советот на европските министри ја дал својата согласност за вклучување на Македонија во структурата на програмата ФАРЕ, наменета за земјите од Централна и од Источна Европа.

1995.- Со минимално мнозинство на референдумот за независност на канадската провинција Квебек победиле противниците на отцепувањето.

1998.- Во пожарот во македонскиот клуб, изнајмен за пригода на курдската младина во шведскиот град Гетеборг загинале 63 лица.

2009.-  Починал Клод Леви Строс, француски антрополог и етнолог чие дело било клучно во  развојот на  структурализмот и структуралната антропологија. Предавал социјална антропологија на Колеж де Франс меѓу 1959. и 1982 година и бил избран за член на  Француската академије во 1973. Добитник бил на бројни награди од универзитети и институциии ширум светот, и покрај Џејмс Џорџ Фрејзер и Франц Боас бил наречен татко на модерната антропологије. Леви-Строс тврдел дека „дивиот ум“ има иста структура како и „цивилизираниот” ум и дека човечките карактеристики се сегде исти. Овие негови стојалишта кулминирале во неговата позната книга Tristes Tropiques  која ја зацврстила неговата позиција како една од централните фигури во структуралистичката школа на  мислењето. Како и во социологијата, неговите идеи допреле до многу области на хуманистичките науки, вклучувајќи ја и филозофијата. Структурализмот бил дефиниран како „потреба по основните обрасци на размислувањето во сите облици на човечката активност”.

2014.- Џон Мур (86), кој се појавуваше во улогата на Дедо Мраз во многу реклами на „Кока-Кола“, почина во американскиот град Барџес Хил. Кога не го носел црвениот костум на Дедо Мраз, Мур работел како таксист и келнер. Во текот на неговата кариера, тој се појавувал во многу реклами, но не само на компанијата „Кока-Кола“, туку и на „Морисонс“, во чија реклама бил Дедо Мраз во 2005 година.

2014.- Починал академик Благој Попов, член на МАНУ од нејзиното формирање во 1967 година. Бил декан на Природно-математичкиот факултет во Скопје од 1958 до 1963 и од 1985 до 1987 година и декан на Математичкиот факултет од 1976 до 1978 година. Од 1967 до 1969 година е ректор на Универзитетот во Скопје. Во МАНУ извршувал високи функции, од 1976 до 1979 година бил секретар, од 1980 до 1983 година бил потпретседател, а од 1985 до 1991 година секретар на Одделението за природно-математички и технички науки. Академик Благој Попов бил член на Меѓународната астрономска академија во Париз и член на Њујоршката академија. Научната активност му е во областа на диференцијалните равенки и специјалните функции, а неговите научни трудови се публикувани во домашни и реномирани странски списанија, а учесник е и на бројни меѓународни конгреси на математичарите. Тој има големи заслуги за формирањето на математичкиот кадар и за развојот на математичките науки во Република Македонија и е носител и на републичката награда „11 Октомври“. Академик Благој Попов бил роден во Кочани на 17 јануари 1923 година.

###

Back to top button
Close
Close