На денешен ден

На денешен ден

1505.- Умрел рускиот владетел Иван III Васиљевич, наречен „Иван Велики“, кој ја направил Русија многу моќна. Во 1480 година ја ослободил Русија од монголските власти. Настојувал да ја зајакне централната власт. Ја почнал изградбата на камени кули, како и палатата Кремљ во Москва.

27 октомври 2020 (МИА)

1505.- Умрел рускиот владетел Иван III Васиљевич, наречен „Иван Велики“, кој ја направил Русија многу моќна. Во 1480 година ја ослободил Русија од монголските власти. Настојувал да ја зајакне централната власт. Ја почнал изградбата на камени кули, како и палатата Кремљ во Москва.

1553.- Мигел Сервето, шпански лекар и теолог бил запален. Тој открил дека крвта во црниот дроб циркулира преку десната комора на срцето. Главно работел во Франција каде ја објавил статијата „Christianismi restitutio“ во која ја отфрлил апсурдната христијанска доктрина за Светото тројство, што предизвикало гнев кај римокатолиците и протестантите. На барање на водачот на швајцарските протестанти Жан Калвин бил уапсен во Женева, во која се криел од римокатоличката инквизиција и потоа бил осуден на смрт со запалување бидејќи неговото учење било прогласено за ерес.

1662.- Англискиот крал Чарлс II за 2,5 милиони ливри (400.000 фунти) го продал француското пристаниште Денкерк на брегот на Ла Манш.

1728.- Роден е англискиот мореполовец Џејмс Кук, наречен „Капетанот Кук“, најголемиот истражувач на Тихиот Океан. На првото патување од 1768 до 1771 ја разрешил тајната за Австралија, го обиколил Нов Зеланд и утврдил дека Нова Гвинеја е остров. Од 1772 до 1775 година ги истражувал островите во Тихиот Океан, а од 1776 до 1779 година прв ја обиколил Аљаска и ги открил Хавајските Острови. Убиен бил во 1779 година на Хаваи од островјаните.

1782.- Во Џенова е роден Николо Паганини, италијански виртуоз на виолина и композитор. Бил ненадминат мајстор на виолинската техника и му била припишувана дури и маѓиска моќ. Компонирал виолински концерти, сонати, камерна музика и познатите „каприча“ за соло виолина. Умрел во Ница, Франција, на 27 мај 1840 година.

1806.- Францускиот цар Наполен I Бонапарта по победата кај Јен над Прусија го зазел Берлин.

1811.- Роден е американскиот пронаоѓач Ајсак Мерит Сингер, кој во 1851 година ја направи првата машина за шиење, за масовна употреба.

1858.- Роден е американскиот државник Теодор Рузвелт, претседател на САД од 1901 до 1909 година, чија политика создадла светска сила од дотогаш изолираната Америка. Должноста шеф на државата ја презел како потпретседател на САД, по убиството на претседателот Вилијам Мекинли во 1901 година. Иницијатор бил на изградбата на Панамскиот канал, а за посредувањето во руско-јапонската војна во 1905 година во 1906 ја добил Нобеловата награда за мир.

1867.- Италијанскиот револуционер Ѓузепе Гарибалди го почнал маршот на Рим во обид да го ослободи градот од папската власт.

1898.- Во Велес е роден Димче Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. Во младоста се вклучил во македонското национално движење. Поради својата револуционерна дејност бил осуден на пет години затвор. За време на НОВ на Македонија работел во Акциониот комитет за создавање и ширење на народноослободителното движење, за што бил интерниран од бугарската фашистичка власт. Умрел во Скопје, на 3 јуни 1985 година.

1914.- Роден е велшкиот писател Дилен Марле Томас, поет со силна реторичка дарба, свежи и прецизни слики и со нови и уверливи ритми.

1920.- Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана била на 19 април 1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите-членки на Лигата на народите) од Лондон било префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останале се до 1945 година, кога и формално била укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на Обединетите нации.

1920.- Во Битола е роден Стефан Наумов – Стив, народен херој на Македонија. Потекнува од печалбарско семејство. По завршувањето на гимназијата во Битола, во 1938 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград, каде што веднаш му пристапил на напредното работничко движење, поради што бил често затворан. По враќањето во Битола, во 1940 година бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ за Битола. Во април 1942 година го формирал Битолскиот НО партизански одред „Пелистер“. Загинал (се самоубил) во борбата против бугарската фашистичка војска и полиција кај селото Болно, Ресенско, на 12 септември 1942 година.

1922.- Под притисок на фашистичкото движење на Бенито Мусолини, италијанската влада поднесе оставка.

1952.- Во Чикаго е роден Јоширо Френсис Фукујама, американски философ, политичко-економски аналитичар и автор. Тој е најдобро познат по неговата книга Крајот на историјата и последниот човек, во која тврди дека во целиот свет, ширењето на либералните демократии, слободниот пазар и западниот животен стил се крајната точка во социо-културната еволуција на човештвото и конечна форма во човечкото уредување. Меѓутоа, во својата книга “Доверба: Социјални доблести и создавање на просперитет” ја изменил својата претходна позиција и признал дека културата не може чисто да се оддели од економијата. Фукујама е исто така поврзан со појавата на неоконзервативното движење од кое подоцна се дистанцирал. Фукујама е виш научен соработник во Центарот за демократија, развој и владеењето на правото при Универзитетот Стенфорд. Претходно работел како професор и директор на Меѓународната развојна програма во Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс.

1956.- По референдумот со кој жителите во областа Сар гласаа за приклучување кон Западна Германија, владите на Бон и Париз се договориле за дефинитивно решавање на проблемот со спорната територија. Сар и е вратен на Германија, но до крајот на 1959 година Сар останал во стопанската унија на Франција.

1971.- Владата на Конго соопшти дека името на државата било сменето во Република Заир.

1978.- Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин ја добиле Нобеловата награда за мир.

1990.- Во Рим умрел Уго Тањаци, прочуен италијански актер, кој со подеднаков успех во 50-те години играл и комични и драмски улоги. Роден бил во 1922 година.

1991.- Советската република Туркменистан ја прогласила независноста од Москва.

1993.- Во Женева, Советот на претставниците на ГАТТ (Општ договор за трговија и царини) донесол одлука со која Република Македонија добила статус на посматрач.

1994.- Стејт департментот одлучил во поранешна Босна и Херцеговина да упати 15 официри на САД заради интеграција на муслиманските и хрватските војски и воспоставување на заедничка команда на армијата на муслиманско-хрватската федерација.

1994.- Фестивалот „Охридско лето“ бил примен во Европската фестивалска унија.

1998.- Герхард Шредер ја презел должноста канцелар на Германија, ден по оставката на Хелмут Кол, кој бил поразен на изборите кои се одржале претходниот месец.

1999.- Вооружени напаѓачи упаднале во Парламентот на Ерменија и во Ереван каде убиле девет луѓе, вклучувајќи ги премиерот Вазген Сарксијан, претседателот на парламентот Карен Демиркијан, двајца негови заменици и еден министер.

2003.- Во серија експлозии на автомобил-бомби пред седиштето на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и четири полициски станици во Багдат, во почетокот на најголемиот верски празник на муслиманите – Рамазан, загинале преку 40, а биле ранети околу 200 лица.

2005.- Во предградие на Париз населено со арапски имигранти, почнале повеќенеделни нереди кои се прошириле и во другите француски градови во кои две лица загинале, 4.500 луѓе биле уапсени, а 8.700 автомобили и 200 јавни згради биле запалени.

2011.- Европскиот парламент наградата „Сахаров 2011“ која се доделува за слобода на духот и ја доделил на Арапската пролет, поточно на петмина активисти кои биле вклучени во арапската пролет во четири арапски земји. Наградата „Сахаров 2011“ ја добиле Асмаа Махфуз од Египет, Ахмед ал-Зубаир, Ахмед ал-Сануси од Либија, Разан Зеитунен и Али Фарзат од Сирија и постхумно Мохамед Буазизи од Тунис. Наградата која го носи името на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, се доделува од ЕП од 1988 година на лица и организации кои придонесуваат и се борат за човековите права и демократијата. Наградата изнесува 50.000 евра.

###

Back to top button
Close
Close