На денешен ден

На денешен ден

30 март 2020 (МИА)

1135.- Роден е еврејскиот филозоф, лекар, математичар и астроном Мојсej бен Мајмон, познат како Мојсej Мајмонид, следбеник на Аристотел. Тој е најголем еврејски филозоф во средниот век. Во филозофското дело „Водич во љубовта“, се обидел да ја базира религијата на рационални основи, што предизвикало жестока осуда на ортодоксните приврзаници на јудаизмот. Напишал неколку астрономски и математички расправи.

1746.- Во Фуентетодос, Арагонија, е роден Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Работел ѕидни композиции за цркви, нацрти за таписерии и сцени од секојдневниот живот. Неговата слика „Стрелање на бунтовниците“ го одбележала почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку графики и цртежи. Од делата најпознати му се „Трети мај 1808“, „Борба со бикови“, „Голата Маја“ и „Облечената Маја“. Умрел во Бордо, на 16 април 1828 година.

1842.- Американскиот лекар Крофорд Лонг прв при хируршка интервенција во болница во градот Џеферсон во американската држава Џорџија го употребил етерот како анестетик.

1844.- Во Мец, Франција, е роден Пол Верлен, француски поет, кој значително влијаел врз врз создавањето на симболистичкиот книжевен правец. Песните му се непосредни, полни со лиризам и музика. Дела: збирките “Песни без зборови“, „Галантни свечености“, „Елегија“, „Мудрост“. Умрел во Париз, на 18 јануари 1869 година.

1853.- Роден е холандскиот сликар Винсент ван Гог. Неговите дела, околу 850 слики и повеќе од 900-ни цртежи, пејзажи и портрети, пресудно влијаеле на модерната уметност. Во состојба на нервно растројство изврши самоубиство во 1890 година.

1856.- Во Париз со мировен договор завршила Кримската војна водена меѓу Русија и Отоманското царство.

1867.- Потпишан бил договор меѓу САД и Царска Русија со кој, САД од Царска Русија ја купиле Алјаска за 7,2 милиони американски долари. Вредноста на Алјаска се покажала во 1897 година, кога било откриено злато, богати наоѓалишта со руда и нафта.

1894.- Роден е рускиот конструктор на авиони Сергеј Владимирович Иљушин, кој во текот на три децении конструирал повеќе од 50 типа авиони. Особено бил познат по оклопниот јуришки авион „Il-2“ за потребите на советското воено воздухопловство во Втората светска војна и по патничките авиони конструирани по војната.

1905.- На Крит Грците се дигнале на востание против турското владеење. Овој грчки остров во Средоземното Море и припаднал на Грција во 1913 година.

1912.- Умре Карл Мај, германски писател. Дела: „Винету“, „Богатство во сребреното езеро“, „Синот на ловецот на мечки“, „Од Багдад до Стамбол“.

1913.- Роден е Френки Лејн, познат американски пејач кој со серија хитови станал еден од најпопуларните музичари во 50-ите години од минатиот век. Песни: „That’s My Desire“, „Mule Train“ , „Jezebel“, „I Believe“ и „Rawhide“. Во текот на седумдецениската кариера продал повеќе од 100 милиони плочи од кои повеќе од 20 се стекнале со статус „златни“.

1923.- Во Скопје е роден Тихомир Карапанчевски, македонски композитор, диригент, тромбонист, публицист и еден од првите македонски музички критичари. Од делата му се познати „Еленово царство“, „Охридска идила“, „Вардарска рапсодија“ и други. Умрел во Скопје, на 13 февруари 1950 година.

1940.- Јапонија воспоставила маронетска влада во окупираната Кина.

1950.- Умрел францускиот државник Леон Блум, водач на Социјалистичката партија од основањето во 1920 година, првиот социјалист премиер на Франција. Ја предводел владата на Народниот фронт во 1936 и во 1937 година и во пролетта 1938, а третиот пат беше претседател на влада од 1946 и 1947 година. Во Втората светска војна Германците го интернирале во концентрациониот логор во Дахау.

1960.- Во САД, во вселенската база Кејп Кенеди бил лансиран првиот метеоролошки вештачки сателит „Тајрос – 1“.

1967.- НАТО ги затворила воените штабови во Франција откако претседателот Шарл де Гол решил да ја повлече земјата од тој западен воен сојуз под доминација на САД.

1973.- Последниот контингент американски војници го напуштиле јужниот дел на Виетнам. Во виетнамската војна загинаа повеќе од 58.000 американски војници. Марионетскиот сајгонски режим бил урнат во 1975 година, по што се обединиле Северен и Јужен Виетнам.

1974.- Првиот кинески патнички авион слетал во Њујорк.

1979.- Иранците на дводневен референдум со убедливо мнозинство изгласале воспоставување исламска република.

1981.- Американскиот претседател Роналд Реган во момент додека излегувал од еден хотел во Вашингтон лесно бил повреден од атентаторот Џон Хинкли.

1986.- Умрел американскиот филмски актер Џејмс Кегни. Филмови: „Државен непријател“, „Грешников одмор“, „Премин до пеколот“, „Победникот зема се“, „Сонот на летната ноќ“, „Оклахома Кид“, „Јенки Дудл Данди“ (Оскар), „Крв на сонце“, „Цена на славата“, „Човек со илјада лица“, „Еден, два, три“. „Регтајм“.

1988.- Во Ленак умрел Едгар Фор, бивш француски повеќекратен премиер. Освен со политика, се занимавал и со историја, филозофија, литература и со музика. Покрај многу политички, историски и економски студии, пишувал и политички романи, под псевдонимот Едгар Сандеј. Роден бил во 1909 година.

1990.- Парламентот на Естонија го прогласил СССР за окупаторска сила и побарал целосна нез

1992.- Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучиле спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.

1994.- Во Стразбур, Република Македонија пристапила на 15 конвенции на Советот на Европа.

1995.- Умрел Димче Протуѓер, македонски сликар и графичар, еден од основоположниците на македонското сликарство по ослободувањето и еден од основачите на ликовната група „Денес“. Работел пејзажи, мртви природи, дрворези, таписерии, илустрации за книги и друго. Роден бил во Охрид, на 24 октомври 1920 година.

1997.- Во бомашки напад на митинг во главниот град на Камбоџа Пном Пен, биле убиени 10, а ранети повеќе од 100 луѓе, вклучувајќи и водечки камбоџиски опозициски политичари.

2001.- Во планинарскиот дом „Китка“ бил најден убиен Јосиф Илковски, македонски новинар, публицист и писател. Роден бил во Велес, во 1924 година.

2003.- Во Њујорк дури и баровите и рестораните биле прогласени за непушачки зони.

2006.- Умрел поранешниот претседател на Естонија, Ленарт Мери, клучна личност на движењето за независност на оваа балтичка земја. Мери бил претседател на Естонија од 1992 до 2001 година.

2007.- Најмалку 54 лица, од кои повеќето странци од различни исламски земји, биле убиени во судирите меѓу терористите поврзани со Ал Каеда и припадниците на пакистанските племиња во регионот на Јужен Вазиристан. Станува збор за провинција на границата со Авганистан, која служи како база на талибанските бунтовници.

2018.- На 82 години почина академик Цветан Грозданов, еден од најреномираните византолози на Балканот. Академик Цветан Грозданов беше редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот во Скопје. Бил министер за култура во првата Влада на Република Македонија избрана од плуралистичкото Собрание (1991/92 г.).Во изминатите три децении академик Цветан Грозданов исполнувал интензивна научно-истражувачка работа како еминентен византолог со европска репутација. Настапувал на бројни научни собири во земјата и во странство и држел предавања за средновековната уметност во повеќе градови во Југославија, во Париз, во Академијата на науките во Прага, на универзитетите во Солун, Истанбул, Рим, Неапол, Софија и др. Во целокупниот опус на академик Цветан Грозданов е присутен интересот за проникнување во византиско-словенските културни врски, пред сè во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сè до XIX век. Неговата работа во голем дел е заснована врз теренските проучувања што ги вршел во повеќе балкански региони, пред сè во Македонија и Света Гора. Хронолошкиот распон на материјата што ја проучува е мошне широк и ги опфаќа спомениците од времето на св. Климент Охридски, Самоиловата држава, Охридската архиепископија до времето на Преродбата. Најголем дел од неговиот опус се однесува на откривањето, идентификувањето и проучувањето на портретите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св. Климент, св. Наум, св. Горазд, св. Сава, св. Ангелариј (познати како Седмочисленици). За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство. Академик Цветан

Грозданов беше член на повеќе странски академии на науки и уметности и doctor honoris causa на повеќе универзитети. За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите бил избран на 7 мај 1991, а за редовен член бил избран на 20 јуни 1996 година. Во периодот од 2004 до 2007 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметности. Цветан Грозданов е роден во Охрид, на 5 март 1936 година.

###

Back to top button
Close
Close