Дописници МКДОпштински вести

На делница од автопатот Градско-Велес кај Венуле, мотоциклист се првртел и тешко се повредил

На делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, 28-годишниот Н.П. од Велес, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, се превртел на коловозот и тешко се повредил, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Велес, 1 април 2021 (МИА) – На делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, 28-годишниот Н.П. од Велес, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со велешки регистарски ознаки, се превртел на коловозот и тешко се повредил, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 18 часот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил и увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. ад/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close