ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

На британските дипломати им забранија да го користат зборот „брегзит“

Британскиот Форин офис објави нови упатства за јазикот што вработените го користат кога зборуваат за излегување на Велика Британија од Европската унија, а меѓу забранетите зборови е и - брегзит, објави британскиот весник Гардијан.

Лондон, 5 февруари 2020 (МИА) – Британскиот Форин офис објави нови упатства за јазикот што вработените го користат кога зборуваат за излегување на Велика Британија од Европската унија, а меѓу забранетите зборови е и – брегзит, објави британскиот весник Гардијан.

Покрај зборот „брегзит“, на вработените не им е дозволено да користат одредени зборови и фрази, како што се „период на спроведување“, „исход без договор“ или „посебно партнерство“.

„Брегзит заврши, затоа не го користиме тој термин. Зачувајте го како историски настан што се случи на 31 јануари 2020 година”, се вели во одредбата.

Во новите упатства се вели дека не треба да се користи изразот „со или без договор“. Покрај тоа, зборот „партнерство“ не е дозволен кога се однесува на односите со ЕУ во иднина. зш/

Back to top button
Close
Close