СветСвет.Портал

На бразилски архипелаг можат да летуваат само лица кои прележале Ковид-19 

Архипелагот Фернандо де Нороња, кој се наоѓа во близина на брегот на Бразил и се смета за една од најубавите туристички дестинации во светот, следната недела ќе биде повторно отворен за туристите, но само за оние кои веќе го прележале Ковид-19.

Рио де Женеиро, 29 август 2020 (МИА)Архипелагот Фернандо де Нороња, кој се наоѓа во близина на брегот на Бразил и се смета за една од најубавите туристички дестинации во светот, следната недела ќе биде повторно отворен за туристите, но само за оние кои веќе го прележале Ковид-19.

За да добијат одобрение од локалните власти да дојдат на архипелагот, туристите ќе треба да достават докази во форма на позитивен ПЦР тест, стар најмалку 20 дена или резултати од серолошки тест што укажува на тоа дека тие имаат антитела против Ковид-19, јави Си-Ен-Ен. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close