0_Магазин.ПорталСцена

Најавено преиздавање на албумот „Young Americans” на Дејвид Боуви

Албумот, кој самиот Боуви тогаш го опиша како „пластична душа“, ќе излезе повторно на 18 септември и ќе биде отпечатен во препознатлив златен винил.

Лос Анџелес, 20 август 2020 (МИА) – Албумот на починатиот британски пејач Дејвид Боуви – „Young Americans” ќе добие свое ново ограничено издание на винил, по повод 45-годишнината од објавувањето на плочата.

Албумот, кој самиот Боуви тогаш го опиша како „пластична душа“, ќе излезе повторно на 18 септември и ќе биде отпечатен во препознатлив златен винил.

„Young Americans” беше објавен на 7 март 1975 година. Снимен е во Филаделфија, САД, во соработка со долгогодишниот продуцент Тони Висконти и со помош на Џон Ленон, Пол Мекартни, Лутер Вандрос и честиот соработник на Боуви – Карлос Аломар.

Плочата стигна до второто место на музичките топ-листи во Велика Британија.

Претходно беше објавено ново винилно издание и на албумот „Something in the Air (Live Paris 1999)” на Боуви – со 15 песни што ги изведе во живо во Франција, 1999 година, при турнејата „Hours”. си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close