0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Најавена санација на оштетениот мост во пехчевското село Умлена

Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски информираше дека е при крај изработката на техничка документација  за санација на оштетениот мост кај село Умлена, по што, според неговите очекувања, проблемот наскоро ќе биде решен.

Пехчево, 5 март 2021 (МИА) – Градоначалникот на Пехчево Драган Тренчовски информираше дека е при крај изработката на техничка документација  за санација на оштетениот мост кај село Умлена, по што, според неговите очекувања, проблемот наскоро ќе биде решен.
-Веднаш изработивме техничка документација која треба да биде готова наредната недела, по што ќе следува ревизија и одобрение за градба. Потоа ќе се оди на тендерирање, за да биде изберен изведувач и да можат работите да почнат на терен. Очекуваме до 15 април годинава да се реши проблемот и да биде извршена санацијата на мостот, истакна Тренчовски.
Сепак жителите на Умлена и денеска во близина на мостот го изразија својот револт велејќи дека заедно со жителите од соседното село Робово се заборавени од надлежните.
-Тука е опасно за секој човек, за нас оти го знаеме проблемот не е толку опасно оти внимаваме, но за некој што ќе дојде од страна е опасно. Моментално најлоши села не само овде туку и во цела Македонија се селата Умлена и Робово, изјави Ванчо Каракашовски.вс/лв/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close