БизнисДописници МКДЕкономија

Најавена реконструкција на стариот пат Тетово – Скопје

Директорот на јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу денеска разговараа за претстојната реконструкција на регионалниот пат р402 од Тетово до Групчин, попознат како стар пат Тетово - Скопје. Китанов истакна дека после 30 години, првпат се прави целосна реконструкција на оваа делница што планираат да почне за пет дена.

Тетово, 1 јули 2020 (МИА) – Директорот на јавното претријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов и градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу денеска разговараа за претстојната реконструкција на регионалниот пат р402 од Тетово до Групчин, попознат како стар пат Тетово – Скопје. Китанов истакна дека после 30 години, првпат се прави целосна реконструкција на оваа делница што планираат да почне за пет дена.

-Станува збор за целосна реконструкција на потегот од Карпалак до Желино. До пред една година имаше потфат на еден сегмент, но најбитно е што е многу оштетен во овие 30 години и сега одиме со целосна реконструкција. Тој е дел од проектот на ЈПДП со Европска банка за обнова и развој ЕБРД за 25 патни правци кои се критични а со голема фреквенција, рече Китанов.

Директорот додаде дека патот е проектиран лани, а годинава ситуацијата со Ковид-19 е причина градежните работи да започнат подоцна од предвиденото.

-Вработените во ЕБРД работеа од дома, тоа беше причина за пролонгирање на постапката. Но сета документација е завршена, избран е изведувач и има добиено насоки да се подготвува бидејќи очекуваме за пет дена да се почне со работа. Тоа значи дека ќе има и времен режим на сообраќај, што значи дека ќе се работи и ќе се вози, па апелирам граѓаните да бидат трпеливи, рече Китанов.

Општина Желино лани работеше на санација на дупките на патот.

-Конечно по 30 години се реконструира овој пат.  Делницата е една од најфреквентните во регионот. Има многу бизниси долж патот и луѓе кои одат на работа, а воедно се користи и од граѓаните кои од Тетово и Гостивар работат во Скопје, како и луѓе кои по потреба одат за главниот град, рече Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.

Директорот на ЈПДП истакна во тековните нивните активности е исчистен сметот долж автопатот Скопе-Тетово-Гостивар, при што за носење се користени 15 камионски превози и апелираше граѓаните да ја одржат чистата средина.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close