0_Магазин.ПорталСцена

Најавена преработка на „Лице со лузна”

Во филмот на Брајан де Палма, по сценарио на Оливер Стоун, глумеа ѕвезди како Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мери Елизабет Мастрантонио...

Лос Анџелес, 15 мај 2020 (МИА) – Италијанскиот режисер Лука Гваданино, кој 2017 година доби Оскар за сценариото на филмот „Викај ме со твоето име“ (Call Me by Your Name), ќе снима преработка на „Лице со лузна” („Scarface,” 1983) на Брајан де Палма.

Како што соопшти американското филмско студио Јуниверзал пикчрс на својата интернет-страница, сценариото ќе го работат браќата Коен. Скот Стабер ќе биде продуцент на филмот. Глумците и времето на премиерата сѐ уште не се објавени.

Во филмот на Де Палма, по сценарио на Оливер Стоун, глумеа ѕвезди како Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мери Елизабет Мастрантонио, Роберт Лоџ и Мареј Ејбрахам. Остварувањето беше номинирано за награда „Златен глобус“ во категориите за најдобра главна машка улога, најдобра споредна машка улога и филмска музика.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close