БалканБалкан.ПорталДописници Свет

На атинската ривиера почнува изградбата на еден од најголемите паркови и комплекси на Медитеранот

Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на стариот аеродром на атинската ривиера, со уривање на старите објекти, се означи почетокот на работите за изградба на голем парк, комплекс со казино, хотели, облакодери, трговски центри и слично односно проектот „Елинико“, што се очекува да биде еден од најголемите на Медитеранот, јави дописничката на МИА од Атина

Атина, 3 јули 2020 (МИА) – Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на стариот аеродром на атинската ривиера, со уривање на старите објекти, се означи почетокот на работите за изградба на голем парк, комплекс со казино, хотели, облакодери, трговски центри и слично односно проектот „Елинико“, што се очекува да биде еден од најголемите на Медитеранот, јави дописничката на МИА од Атина.

По 19 години од затворањето на аеродромот и по речиси осум годишни процедури, утрово влегоа булдожери и почна процесот на уривање на старите објекти.

Грчкиот премиер истакна дека денеска е многу важен и симболичен ден, а со уривањето на старите, бескорисни згради на стариот аеродром, се поставуваат темелите на „Елинико“ со нов изглед.

– Овде на овој  напуштен простор 19 години, ќе се изгради најголемиот крајбрежен парк во Медитеранот – два милиони метри квадратни, но во исто време овој простор ќе стане лулка на развој. При целосното функционирање, „Елинико“ ќе создаде над 80.000 работни места, а 10.000 работни места ќе се создадат само во текот на фазата на изградба. Тоа ќе биде модерен, еколошки проект. Проект што ќе ја симболизира новата Грција, како што верувам, сите ја замислуваме, рече Мицотакис.

Станува збор за проект во висина од осум милијарди евра на компанијата „Ламда“, а на површина од два милиони метри квадратни, предвидено е да има бизнис центар со канцеларии, облакодери со станови, хотел со казино, марина, спортски центи но и голем градски парк 600.000 метри квадратни, патека од 50 километри за велосипеди и пешаци и плажа од еден километар.

По уривањето на старите објекти, изградбата планирано е да започне во првите шест месеци од следната година, а првиот дел да биде завршен во втората половина од 2022 година. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close