СветСвет.Портал

На Асад му се слоши насред говор, медиумите шпекулираат дека имал срцев удар

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска го прекина говорот во Парламентот откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, соопшти неговиот кабинет

Дамаск, 12 август 2020 (МИА) – Претседателот на Сирија, Башар ал Асад денеска го прекина говорот во Парламентот откако му се слоши поради нискиот крвен притисок, соопшти неговиот кабинет.

– Асад на неколку минути го прекина говорот поради нискиот крвен притисок, а потоа продолжи со говорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на сирискиот претседател.

Дел од странските медиуми објавија дека можмо е Асад да преживеал срцев удар.

Досега не е познато дека Асад има какви било здравствени проблеми.

Тој им се обрати на пратениците по повод минатомесечните избори, што се трети откако во Сирија почнаа судирите во 2011 година. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close