Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

На 25 јануари специјална проекција на „Медена земја” во Љубљана

На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја”. Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар” ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам”. На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 16 јануари 2020 (МИА) – На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја”. Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар” ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам”. На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Веста дека документарен филм од Северна Македонија првпат во историјата на оскарите има двојна номинација не остана незабележано во словенечките медиуми, кои пишуваа за големиот успех.

Во промоцијата на „Медена земја” се приклучи и Амбасадата на Северна Македонија во Словенија, која откупи дел од местата во Кинотеката за да бидат поканети и филмот да го видат другите амбасадори во Љубљана, но и дел од словенечкиот политички врв. ав/хс/

Back to top button
Close
Close