СветСвет.Портал

На 19 септември парламентарни избори на Нов Зеланд

Следните парламентарни избори на Нов Зеланд ќе се одржат на 19 септември, објави денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Велингтон, 28 јануари 2020 (МИА) – Следните парламентарни избори на Нов Зеланд ќе се одржат на 19 септември, објави денеска премиерката Џасинда Ардерн.

– Ќе побарам од жителите на Нов Зеланд да продолжат да го поддржуваат моето раководство и сегашната насока на Владата, која е заснована на стабилност, силна економија и напредок во долгорочните предизвици со кои се соочува Нов Зеланд, се вели во изјавата на Ардерн.

Освен ако не бидат распишани предвремени избори, редовни парламентарни избори во Нов Зеланд се одржуваат на секои три години. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close