Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

На 17 и 18 јули ќе се одржи првиот физички ЕУ-самит од почетокот на кризата

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика вонреден ЕУ-самит на 17 и 18 јули. Ова ќе биде прва физичка средба помеѓу лидерите откако започна кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Брисел, 23 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, свика вонреден ЕУ-самит на 17 и 18 јули. Ова ќе биде прва физичка средба помеѓу лидерите откако започна кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Средбата ја најави портпаролот на Мишел на Твитер попладнево. Земјите членки на ЕУ одржаа неколку виртуелни средби во обид да постигнат компромис за повеќегодишниот буџет на ЕУ и Фондот за закрепнување, но засега поделбите остануваат длабоки, а сегашниот буџет истекува на крајот на оваа година.

Европската комисија, по иницијатива на Франција и Германија, предложи помош од 750 милијарди евра за рестартирање на економијата, поделени на грантови и заеми според комплексни математички шеми помеѓу 27-те земји на Унијата.

Холандија и трите скандинавски земји сметаат дека предлогот е премногу широк и бараат поголема фискална дисциплина од страна на јужните земји, кои се пак најпогодени и од здравствената и од економската криза. Несогласување изрази и Унгарија, која стравува од преголем надзор на Европската комисија доколку биде прифатен предлогот на Европската комисија.

Минатиот петок земјите членки се состанаа преку видеоконференција за да се опипа пулсот во 27-те главни градови, но беа констатирани само огромните разлики.

Оваа прва физичка средба на лидерите треба да помогне да се одглават преговорите. тм/

Back to top button
Close
Close